Бугарските медиуми пишуваат дека Бугарија може да добие кривична постапка од страна на Европската комисија за практиката на продажба на бугарски пасоши на странци, како и за оние со „доказ за бугарско потекло“, но и за оние т.н. „златни пасоши“ за инвеститори во земјата.




Официјална Софија веќе била информирана за ваквите намери на Европската комисија, пишуваат бугарските медиуми.
Таканаречените „златни“, односно пасоши „за посебни заслуги“, на име инвестиции и придонеси во културата, образованието, музиката, спортот… се покажале како „плитка шема“ за провизии, а ЕУ им дала на знаење на бугарските власти дека е запознаена за заобиколувањето на европските правила.




Имено, многу од т.н. инвеститори ги продале хартиите од вредност откако ги добиле бугарските пасоши, односно свесно им била дадена можност да ги повлечат своите пари и да живеат во ЕУ со бугарски пасош, откриваат бугарските медиуми.
Бугарските власти веќе година и пол го одложуваат усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за бугарско државјанство, што во тамошната јавност предизвикува сериозни сомневања за корупција на највисоко ниво.




Бугарија е една од трите земји во ЕУ што го продаваат своето државјанство, и покрај постојните повици од Европската комисија и од Европскиот парламент да ѝ се стави крај на ваквата практика. Другите две земји се Малта и Кипар, против кои веќе е поведена крив ична постапка за кршење на правото на ЕУ.
Европскиот парламент во моментов подготвува нов законодавен извештај за практиките на доделување државјанство во замена за инвестиции во ЕУ.
Според истражувањата на бугарските новинари, не бил мал ниту бројот на странци што зеле државјанство и за „посебни заслуги“ во областа на науката и културата, спортот, но и за заслуги за проширување на културните, економските и образовните врски помеѓу Бугарија и Кореја.
Според експертите, во ваквиот случај во однос на Македонија не станува збор за бугарски државјани туку за различни социјални категории македонски државјани што зеле бугарски пасош од чисто економска, социјална или образовна природа. Дали истрагата на ЕК ќе допре и до манипулацијата на Бугарија за политички цели со македонските државјани со бугарски пасоши?
–Издавањето бугарски пасоши, барем досега, беше премолчено толерирано од Брисел, бидејќи се вклопуваше во едно пошироко сценарио за фрлање на Македонците во прегратките на Бугарите.
