По пропаѓањето на Еуростандар Банка, пред неколку месеци, граѓаните на нашата земја не се повеќе во можност за плаќање на сметките во Пошта, но работите се менуваат. Од први март плаќања во Пошта со пониски провизии.

Граѓаните од први март ќе можат своите сметки да ги плаќаат на шалтерите во Пошта, а договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината, вели новиот директор на Македонска пошта, Јани Макрадули.

“Враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите. Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне, а јас верувам дека на први март следната година, граѓаните ќе можат да плаќаат, по најниска провизија“, изјави Макрадули.