Постои легенда според која Свети Спиридон одвреме-навреме се спушта на земјата преправен во просјак или сиромав.

Свети Спиридон стана епископ во местото Тримит. Бил омилен меѓу обичниот свет затоа што, според легендата, имал убав збор и совет за сите, а со своето јасно и едноставно исповедање на верата, многу многубошци претворил во христијанство. Починал во 348 година, а неговите мошти се чуваат на Крф.

Македонците го слават Свети Спиридон како слава. Како што е фиксен празник, неговиот ден секогаш потпаѓа во пост, така и празничната трпеза денеска треба да биде посна.

Заради благоста со која се памети овој светител, Свети Спиридон го празнуваат децата и мајките.

Вообичаено е денес да поминуваат што повеќе време заедно во разговор и дружење, за светецот да види колкава е нивната љубов и наклонетост.