Барбунија пилаки е традиционален турски специјалитет, односно грав динстан на маслиново масло со кромид, лук и домати.
И да, таа необична состојка е токму – доматот.
Ова е многу вкусно јадење кое Турците често го подготвуваат како лесен ручек, дел од мезе или како прилог со печено месо или риба. Се служи на собна температура или ладно, а се декорира со малку сок од лимон и свеж магдонос.
Состојки:
-
500 g шарен грав
-
3 моркови
-
2 главици кромид
-
1 зелена пиперка
-
4 чешниња лук
-
домат (опционално, по вкус)
-
3 лажици маслиново масло
-
половина лажичка шеќер
-
1 чаша топла вода
-
една рака свеж магдонос
-
сол и бибер
-
свеж лимон
Подготовка:
Ставете го гравот во вода да отстои преку ноќ. Наутро процедете го и варете го додека не омекне. Во големо тенџере загрејте маслиново масло и додадете ситно сечкан морков. Оставете да се динста неколку минути, па додајте го кромидот и пиперката. Сè заедно пржете околу пет минути.
Додајте го доматот, ситно сечканиот лук и чашата топла вода. Зачинете по вкус. Откако ќе зоврие, варете уште десетина минути. Потоа додадете го варениот грав во смесата со зеленчук. Покријте го тенџерето со капак, но само половично, и оставете да се крчка околу половина час.
Послужете со свеж магдонос и неколку капки лимон.
Добар апетит!
