Дедото го славел денот на вљубените без сопругата, а се доживеал многу емотивно. Како и многумина кои го виделе.

Фотографија на постар човек како си го брише уплаканото лице додека навидум ја чекаше својата придружба за Денот на вљубените стана вирална откако корисник на Фејсбук објави објаснувајќи за што се работи.

Според неа, станува збор за вдовец кој го одбележал Денот на вљубените во посмртните останки на неговата сопруга.

„Ве молам, сакајте ги вашите најблиски додека имате можност, никогаш не знаете што ќе донесе утре“, напиша Цезид Гволтни на Фејсбук.

Таа седела во ресторан во Корпус Кристи, Тексас, а човекот на сликата бил спроти неа. На масата имаше подароци, а меѓу сите се истакна специјално украсено шише. Гволтни вели дека пепелта на неговата сопруга е во тоа шише.

Сликата зборува сама за себе и лесно ќе ве погоди како мене“, напишала жената во објавата.

Нејзината објава на Фејсбук за три дена ја споделиле над 500 илјади корисници.

The Sun не стигна до потврда за нејзината приказна, но тоа не ги спречи луѓето масовно да ја објавуваат.