За да ви биде ајварот уште повкусен, на самиот крај не ја пропуштајте оваа постапка – сите ќе ви го бараат рецептот. А толку е едноставно!

Ајварот, една од најпопуларните зимници на Балканот, се користи на многу начини, иако најмногу се сака како намаз. Оваа вкусна зимница може да се направи на повеќе начини, што и не е чудно ако се има предвид долгата традиција на Балканот, па затоа постојат многу феноменални рецепти за вкусен домашен ајвар.

Познато е дека црвената пиперка е основната состојка на ајварот, а некои додаваат модар патлиџан или домат, како и масло, оцет, сол, шеќер…

Но, дали знаевте дека јаболковиот оцет може да биде токму она што му е потребно на ајварот за да биде уште подобар?

Јаболков оцет како тајна состојка на домашниот ајвар

Ако додадете малку јаболков оцет во ајварот, добивате многу повеќе отколку со обичниот, бел, алкохолен оцет. Тој го подобрува вкусот, давајќи му блага киселкаста нота што ја нагласува природната сладост на пиперките и ја балансира маснотијата од маслото.

Покрај тоа, ајварот може да трае подолго бидејќи киселината делува како природен конзерванс, па ајварот останува свеж и непроменет по вкус. Јаболковиот оцет исто така го прави полесен за варење, па нема да ви падне тешко на желудник дури и ако претерате со него.

Колку јаболков оцет оди во ајвар?

На поголема мера ајвар, на пример на 10 килограми пиперки, доволно е да се додадат 2–3 лажици јаболков оцет пред самиот крај на варењето, а за помала количина доволна е една лажица. Важно е да не се претерува, бидејќи целта не е ајварот да биде кисел, туку да добие суптилна арома и поголема трајност.