Ширењето на вирусот може да се спречи само ако сè запре и се стави на пауза, но бесмислено е да се воведуваат мерки како карантин или полициски час, сега, кога се забележува стагнација на заразени на дневно ниво, вели за Канал 5 Проф. Д-р  Пановски.

Тоа што само минатиот месец бројот на корона-позитивни е безмалку идентичен на вкупно регистрираните за цели седум месеци, меѓудругото, Пановски го објаснува и со мутацијата на вирусот.

Д-р Никола Пановски вели оти јануарски бран нема да има ако граѓаните се дисциплинирани, доколку нема собиранки за слави и новогодишни прослави на затворено.

Првата земја во светот што најави старт на вакцинација е Велика Британија, па една доза, дел од Британците ќе ја примат уште утре. На ред за вакцина чека и крализата Елизабета.

Америка пак, се уште е прва на светската листа по ширењето на вирусот, поради што некои од сојузните држави се одлучуваат за целосен карантин. Таков е примерот со Калифорнија, па со тринеделниот „лок даун“ околу 80 милиони луѓе ќе бидат затворени дури и за Божиќ.