Затоа дури и денес повеќето луѓе ги фрлаат семките кога јадат ова популарно овошје, и дали навистина треба да се избегнуваат?

Сигурно сте ја слушнале изреката „Ако голтнете семка од лубеница , лубеница ќе ви порасне во стомакот!“

Затоа дури и денес повеќето луѓе ги фрлаат семките кога јадат ова популарно овошје, и дали навистина треба да се избегнуваат?

За разлика од семките од цреша или кајсија, кои можат да содржат опасни супстанции, семките од лубеница се сосема безбедни за консумирање. Според нутриционистите Саманта Касети и Селин Бејхман од Институтот за кулинарско образование во Њујорк, овие ситни семки содржат вистинско богатство од хранливи материи.

Само 28 грама семки од лубеница содржат 7 до 8 грама протеини, што е приближно колку едно големо јајце или половина чаша леќа. Покрај тоа, тие содржат и 4 грама јаглехидрати, како и повеќе од 25% од препорачаниот дневен внес на диететски влакна.

Семките од лубеница се особено препознатливи по нивната содржина на железо и магнезиум – секои 28 грама обезбедуваат околу 2 мг железо, што е 25% од дневните потреби за мажи и 10% за жени. Магнезиумот, од друга страна, учествува во повеќе од 300 функции во телото, од регулирање на срцевиот ритам до поддршка на имунитетот и нервниот систем.

Одлична ужина, особено за бремени жени

Според советите на нутриционистите, семките од лубеница се одличен избор за оние кои практикуваат исхрана базирана на растенија, бидејќи содржат железо од растително потекло, а се одлични и за бремени жени поради зголемената потреба за овој минерал.

Можете едноставно да јадете семки од лубеница додека грицкате парче или уште подобро, да ги подготвите печени и зачинети. Во Америка, печените семки од лубеница веќе се продаваат како готов производ, но лесно можете да ги направите дома. Може да се јадат како ужина или да се наросат врз салати – слично на семките од сончоглед или тиква.

Умереноста е клучот.

Како и со сè во исхраната, умереноста е клучна. Семките од лубеница се богати со растителни влакна и здрави масти (околу 13 грама масти во 28 г), кои во поголеми количини можат да предизвикаат проблеми со желудникот.

Затоа, ако ги воведувате во вашата исхрана за прв пат, започнете полека.

Значи, не – лубеницата нема да ви порасне во желудникот ако ја изедете семката, ниту пак ќе ви наштети, но може да ве изненади како здрав и вкусен додаток во вашата исхрана. Следниот пат, можеби не ја плукајте семката додека јадете лубеница, објавува MissGastro.