Триесет години Агнеза Етемова од Шуто Оризари нема излезено од дома. И додека за нас три дена изолација заради полициски час беа незамисливо тешки, Агнеза е во самоизолација, во буквална смисла на зборот од далечната 92 година.

Се почнало во младоста кога за време на студирањето на правниот факултет морала да замине на втор уролошки оперативен зафат од кој по анестезијата се буди во шок соба и незнаејки каде се наоѓа и добива напади на паника. Од тогаш тие напади на паника је врзуваат за живот во четири ѕида во својот скромен дом во населбата Шуто Оризари.

Безуспешни биле напорите на родителите кои со години ја убедувале да појдат на лекар и да побараат стручна помош бидејќи таа имала страв да го пројде и куќниот праг. Проблемите дополнително се усложниле последнава година откако по смртта на мајка и починува и татко и Агнеза сега живее сосема сама . Останата е без било какви финансиски примања кои законски и следуваат во вид на семејна пензија или социјална помош но таа во неколкуте обиди да појде и до најбилската продавница од страв паѓала на земја и се повредувала.

Оваа скромна и мирна 55 годишна жена имала среќа што барем здравјето досега добро ја служи па не мора да оди на доктор а за некои основни потреби и помагаат соседите како и нејзината пријателка која целиот живот е борец за прават и социјалната положба на ромите. Со нејзина помош успеале да донесат екипа од МВР за од скоро да ја има и првата своја лична карта но за потребната дијагноза, за вадење жиро сметка во банка или поднесување барања во социјалното никако да се осмели да влез во автомобил за да се оствари правото да зема барем некој денар помош, бидејќи од страв ноќе и не спие а има страв и од затворени врати па во автомобил не сака да се вози.

Тие упатија апел до сите добро намерни луѓе кои сакаат да помогнат во дрва за огрев и некој шпорет како и средства за хигиена и храна за да ја преживее зимата а од институциите бараат да се најде начин теренски екипи на социјалното да помогнат да го оствари своето законско право на било какво примање за да може самата да го нормализира својот живот па макар и во својот двор ама да не е во мизерни услови.

kanal5.com.mk