Министерството за бродарство и островска политика спроведува засилен надзор врз грчките плажи како дел од поширокиот план за безбедност при што вкупно 2.965 инспекции се спроведени од јуни до средината на јули од страна на службеници на крајбрежната стража во бизниси за изнајмување рекреативни пловила.

Инспекторите на терен потврдиле 265 прекршоци, за што се изречени од 79.760 евра во согласност со одредбите од Пристанишниот законик 20, соопшти грчкото Министерство.

Во исто време, во однос на покриеноста со спасувачи на 663 прометни плажи во земјата, повеќе од 99 % се веќе проверени, при што 89 отсто од плажите имаат воспоставено и активно присуство на спасувачи. Според информациите дадени од Министерството за бродарство, ова е еден од највисоките резултати во последните години.

„Безбедноста на море и на плажите не е само обврска, туку е прашање на јавна одговорност. Ние не сме самозадоволни, не правиме попусти. Со интензивни контроли, јасни упатства и брза имплементација на планот, ние обезбедуваме летото за Грците и нашите посетители да биде безбедно и функционално“, нагласува министерот за бродарство и островска политика Василис Кикиљас, истакнувајќи дека Министерството останува во оперативна готовност во текот на целата туристичка сезона.