Фејсбук статус на Антонио Димков

Со месеци наназад сите дремеме по дома. Што све не поминавме. Полициски часови, седење по дома по цел ден, страв да влезеш у маркет, носење и маски и ракавици каде и да отидевме, 24 часа работна сила на медицински лица, полиција, пожарникари, институции, затворени граници, затворени објекти поради непочитување на протоколи од страна на институции и што ли уште не.

И вам тоа ви е малку? Вам ви е малку тоа што има некои вработени кои не можат да ги прегрнат своите најмили бидејќи се изложени на ризик на своето работно место. Вам ви е тоа што некој работи по 24 часа за да помогне овој здравствен систем да издржи и да може да се избори со оваа пандемија? Вам ви е малку тоа што се затворени границите и не можеме да мрднеме ниту до една Србија или Благоевград? Вам ви е тоа што некој студира надвор, а мора да плаќа ПЦР тест на секое излегување и влегување во државата?

Глеам, биле полицијата криви. Па и тие се ваши сограѓани, кои благодарение на таа униформа дома хранат луѓе. Но и тие се истите кои ве заштитуваат и тогаш кога е потребно. Да, можеби начинот на дејствување не е соодветен, можеби таму не припаѓаа единиците на ЕБР, но дали таму припаѓаше несоодветно одржување на карневал? Па ниту еднаш ли не успеавме како народ и држава да седнеме едни со други и да се договориме. Колку се криви оние кои го организирале настанот толку се криви и надлежните. Значи нема договор! Нема договор со кој ќе се успее да се обезбеди едно нормално организирање на еден ваков настан во ек на пандемија. Со маски, растојание, според протоколи. Па не може луѓево што отвориле бизниси кои сега трпат поради пандемијава, без разлика дали станува збор за маркет, мала продавница, кафанче, ресторанче или било што да се чудат како да издржат и како да ги задржат своите вработени поради ниската заработка и пожртвуваност, да бидат жртви на однесување како вашето. Све некој друг ни е крив.

Е, вака нема у Европа. Со пцуење, едни по други, мешање на политика у све, без разлика дали е од ВМРО, СДСМ и ДУИ… нема просперитет. Се додека сме држава во која не можеме ние македонците да се договориме едни меѓу други, се дотогаш ќе ни се случуваат вакви работи.

П.С им замерувам на полицијата и надлежните што не ги казнија само по џебот онака како што заслужуваат, наместо да прават драми. Ако се правеа драми, требаше да има драми и во кабинетот на еден наш функционер кој славеше роденден на политичар кој нема никаква поврзаност со институцијата, а во која патем никој не носеше маски. Или законот не е ист за сите?