Со пристигнувањето на кинеската вакцина, Србија ќе биде единствената држава што има на располагање три вида вакцини.

Првите количини на кинеската вакцина против коронавирус на компанијата Синофарм ќе пристигнат во Србија утре. Исто така, денес или утре се очекуваат да пристигнат нови количини на руската вакцина Спутник 5.

Со нивното пристигнување, Србија ќе биде побогата за стотици нови дози на вакцини.

Доколку агенција за лекови и медицински средства (АЛИМС) издаде дозвола за употреба на кинеската вакцина веднаш, имунизацијата на здравствените рнаботници кои изјавија дека сакаат да ја примат, може да започне веќе во недела.

Србија во моментов има две вакцини, американско-германската Фајзер-Бионтек и руската вакцина Спутник 5.

Вакцинацијата против вирусот корона во Србија започна на 24 декември минатата година, а досега се вакцинирани повеќе од 19 000 граѓани.

Денес започна вакцинацијата на населението во здравствените домови во Белград, кои изразија интерес да бидат вакцинирани преку порталот за е-Влада.