По присуството или отсуството на треска, најлесно можете да препознаете која БОЛЕСТ ве снашла!
Сезоната на грип и вируси е во полн ек, а присутни се настинки и корона, како и нова варијанта на сојот омикрон, за кој експертите велат дека е позаразен од делта.




Симптомите на настинка, грип и корона се многу различни, а по присуството или отсуството на треска најлесно може да препознаете која болка ве снашла.
Симптоми на настинка




Британскиот здравствен систем издвои некои од најчестите симптоми на настинка, нагласувајќи дека тие обично се јавуваат постепено:
- болка во грлото
- затнат нос или течење на носот
- главоболка
- болки во мускулите
- кивање и кашлање
- притисок во ушите
- Треска
- губење на чувството за мирис и вкус








Симптомите се исти кај возрасните и децата, но кај децата може да траат подолго.
Симптоми на грип




Според британскиот здравствен систем, симптомите на грип се:
- треска и температура над 38 степени
- чувство на замор и исцрпеност
- болка во телото
- Сува кашлица
- главоболка
- болка во грлото
- проблем со спиењето
- губење на апетит
- дијареа или абдоминална болка




Симптоми на корона




Од почетокот на епидемијата, симптомите на корона се сменија, но лекарите ги издвоија главните:
- Треска
- Ненадејна кашлица која трае
- промена или губење на мирис и вкус
Симптоми на делта сој




Судејќи според податоците собрани преку апликацијата ZOE, симптомите што се појавуваат зависат од тоа дали сте биле вакцинирани и колку дози вакцина сте примиле.
Симптоми по две дози на вакцината:




- течење на носот
- главоболка
- болка во грлото
- кивавица
- губење на чувството за мирис
Симптоми на вирус на омикрон
Според најновите податоци од Лондон, каде што е најзаразено со омикрон во Велика Британија, научниците идентификувале пет главни симптоми на овој вид:




- главоболка
- течење на носот
- замор (благ или драстичен)
- болка во грлото
- кивање
Експертите нагласуваат дека симптомите на омикрон се губење на апетит и мачнина, ноќно потење и рапав глас.
