Владата многу брзо ќе седне на зедничка маса со сите засегнати чинители од ковид кризата во земјава, како што се бизнисмените, односно коморите, потоа синдикатите како претставници на работниците, граѓанскиот сектор, како и со експерти, со цел да го скрои петтиот пакет економски мерки за помош, кој веќе е најавен од премиерот Зоран Заев.




„При подготовката на петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година“, изјави на прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.




Нема повеќе детали кога ќе биде промовиран петтиот пакет мерки и ко0ј се ќе биде опфтен во него.
