Македонија мораше да набави вакцини како прва акција кон најзагрозените групи. Да потрошиш 2 милијарди евра кредити, и да речеш дека Бугарија ќе ни даде 100 илјади евра вакцини подарок и да мислиш дека си успеал тоа е срам за тебе и за државата. Ако можеше Србија да набави можеш и ти, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Тој истакна дека со кредитот од 2 милијарди евра кој го зеде владата мораше да се набават вакцини, бидејќи со ненавремената набавка не се исполнети обврските и се загрозени животи, кои по проценка на сегашното темпо на смртност за три месеци би имало околу 3 до 4 илјади починати, затоа што власта не обезбедила вакцини навремено. Нагласи дека илјадници луѓе ќе ги изгубат животите заради несовесно работење на Филипче и владата.

– За разлика од нас Србија од утре почнува да се вакцинира, нивните граѓани ќе бидат отприлика еден милион вакцинирани до крај на јануари и ги користат вакцините од Фајзер, а ќе користат и други. Ги имаат набавено билатерално сами си ги купија, не им ги поклони ни Америка, ни Русија, ни ЕУ. Тоа е држава која е слична на нас по своите економски капацитети. Некој таму работел за да може тие вакцини да ги купи. Ние како секоја мрзлива политика мораме да чекаме некој нешто да ни даде, потенцираше Латас.

Тој додаде дека власта и претходно пари трошеше за свои невладини, весници блиски од нив и за презервативи, а не одвоија пари за маски и ракавици кои ни ги донираа ЕУ, НАТО и останнати држави како Кина, така и сега со вакцините наместо да ги купат, парите ги трошат на друго, а молат да им фрли некој трошки од тоа некој што му останало од јадењето, наместо да набават 500 до 600 илјади вакцини како првична акција за најзагорзените.

– Добро е што Бугарија ќе ни даде нешто и треба да се каже благодарам, но лошо е што добивме потврда дека ние немаме контрола над своите држави и на својата држава. Имаме власт која чука моли да им даде некој тоа што останало, а троши 2 милијарди. Да потрошиш 2 милијарди и да речеш Бугарија ќе ни даде 100.000 вакцини подарок и да мислиш дека си успеал во нешто е срам и за тебе и за државата. Ако можеше Србија да набави вакцини, требаше и ние. Шекеринска требаше преку НАТО да набави вакцини, а не само да се фали дека со влегувањето животот ни се сменил. Еве нека набави вакцини да ги купиме, нагласи Латас