Верувале или не, дури и жените имаат проблеми со кожата на лактите

Иако повеќето припадници на посилниот пол имаат „црни“ лакти, голем број жени водат „војна“ во текот на зимата со суви и затемнети лакти.

Додека некои луѓе избираат да носат долги ракави и да ги кријат лактите, на други помалку им е важно дали лактите им се суви или не. Сепак, во која група и да припаѓате, лесно можете да ги залечите лактите!

Прво треба да ја омекнете кожата. За ова можете да направите маска од морска сол, маслиново масло и сок од портокал. По една лажица од секоја состојка и правете го пилингот два пати неделно.

Потоа доаѓа „белењето“, па за тоа ќе ви треба лимон. Пресечете го на половина, свиткајте ги лактите и „потопете“ лактите во половината лимон. Оставете ги да делуваат најмалку 10 минути.

Лимонот не мора да го плакнете, само треба да го измасирате во кожата, а резултатите ќе бидат видливи за неколку дена.