Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата а количина ќе биде позната во текот на следните недели.




Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.




Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата.




Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.
Kanal5.com.mk
