Доколку на мене на маса некој ми даде предлог да прифатам дека Делчев бил Бугарин, верувајте дека ќе направам дипломатски скандал од светски размери, за кој ќе се зборува долго и дури тогаш ќе се отпочнат разно разни постапки, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во Само интервју на Канал 5.




„Тоа е нешто незамисливо и сметам дека не смее да постои таков човек кој тоа би го прифатил”, истакна Мицкоски.
Вели дека треба сите да сме свесни дека врз името на Гоце Делчев, Груев, Питу Гули и останатите, ние всушност изградивме држава. За преговорите со Република Бугарија, Мицкоски рече дека македонската преговарачка страна, не смее никако и под ниедни услови да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин.




Вели дека такво нешто ќе ја срози македонската државност и ќе покаже огромна слабост пред светот.
