Речиси секое утро на нејзината надгробна плоча се наоѓале измет и урина




Семејство од американската сојузна држава Њујорк со скриени камери пронашло лице кое вршело нужда на гробот на нивната мајка. Тие биле запрепастени кога откриле дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг.




Линда Луиз Торело почина од рак на 66-годишна возраст во 2017 година и беше погребана на гробиштата Оринџтаун. Речиси секое утро на нејзината надгробна плоча се наоѓале измет и урина, велат од нејзиното семејство.




Синот на Линда, Мајкл Марфи (43) објави инкриминирачка снимка од маж како излегува од својот автомобил, се приближува до надгробна плоча и уринира на неа, што тој го опиша како „нормална рутина“. Она што е исто така бизарно е што Линда се разведе од тој човек во 1974 година, по многу краток брак.




Сепак, се чини дека тој сè уште бил лут на неа речиси 48 години по разводот и пет години по нејзината смрт.




– Ова ми го крши срцето. Еден човек од округот Берген, Њу Џерси, речиси секое утро со помош на неговата сопруга остава вреќи со измет и урина на надгробната плоча на мајка ми како да е тоа „нормална рутина“.




Имаме докази со недели и месеци. Пријавено е во полиција и медиумите. Никој во моето семејство немал контакт со него од 1976 година. Не сме сигурни како го нашол гробот на мајка ми. Но, ова произлегува од проблем пред речиси 50 години. Молете се за нас, ви благодариме и ве молиме споделете го ова!!! – напиша синот Мајкл на Фејсбук со објавеното видео.




Мајкл и неговата сестра Рене Ајхлер Бараган добија дозвола од црквата да користат скриени камери за да го пронајдат сторителот. Семејството откри и дека неговата сопруга обично го придружувала при утринските „посети“ на гробот.
