Една жена од Калифорнија го изгубила синот минатата недела. Имал само 18 месеци и бил во инвалидска количка кога автомобилот удрил во нив.

Ана Моралес се бори со траумата која уследи по немилиот настан.

– Сето ова изгледа како голем кошмар од кој само сакам да се разбудам. Се обидувам да заспијам, но веднаш се будам и го барам син ми. Сето ова ми е премногу болно – вели Ана.

Во неделата наутро го изгубила своето дете. Околу 7 часот и 30 минути додека се движела со нејзиниот син, се судриле два автомобили, едниот влетал во ѕидот, се одбил и се упатил кон жената и нејзиното бебе, се вели во полицискиот извештај што го пренесе People.

Момчето седело во инвалидска количка кога автомобилот удрил во него.

– Не знам точно како се случи сето тоа. Само слушнав силен тресок, кој ми звучеше како несреќа. Излегов и видов дека една кола удри во мојот внук – вели дедото на малиот Себастијан.

Според полицискиот извештај, едниот возач останал на местото на несреќата, додека другиот веднаш побегнал, но подоцна сам дошол во полициската станица. Бил сослушан, но не му е одреден притвор.