Селеш Жаклин Ајала работи како полицајка во Аргентина. Поради нејзината љубезност и работата што ја работеше, таа беше унапредена во чин поручник.

Жаклин Ајала на 14 август доела неухрането дете, кое од непознати причини било одвоено од родителите по пристигнувањето во детската болница во Буенос Аирес.

Ајала (27) е и мајка на две деца, а едното е шестмесечно бебе. Откако плачела, препознала дека непознатото дете е гладно, па му понудила да го дои. Нејзиниот колега бил воодушевен од гестот на жената, па овој момент го овековечил и фотографијата ја споделил на Фејсбук. Приказната набрзо заврши во медиумите ширум светот.

– Ниту една секунда не се двоумев, му дозволив да цица и момчето се смири – изјавила за „Кроник“.

Селест работи како полицајка веќе три години и често одвојува дополнителни часови на должност за да заработи доволно за да живее. Оваа промоција сигурно многу ќе и значи, а срцето ни се полни кога гледаме дека добрите луѓе се наградени!

Што мислите вие за овој гест на послицајката? Пишете ни во коментар!