Поминаа 25 години од трагичната смрт на принцезата Дијана, а да не загинеше во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, денеска ќе го прославеше својот 61 роденден.




Нејзиниот љубовен живот и ден денес се дебатира во медиумите, а светската јавност со децении ги споредува фотографиите на поранешниот офицер Џејмс Хјуит, нејзиниот поранешен љубовник, со фотографиите на принцот Хари.




Наводната голема сличност на војводата од Сасекс со човекот со кој мајка му била во петгодишна врска во осумдесетите и денес е интригантна, поради што многумина веруваат дека тој всушност е татко на принцот Хари, пишува Дејли Мејл.




Тој еднаш ги негираше тие обвинувања.
– Не, не – кратко рече тогаш.




Сепак, тие озборувања не престанаа, а тој вели дека тоа е затоа што „продаваат весници“.
– Кутриот, му беше потешко отколку мене – рекол Хјуит.
