Откако удрила во друг автомобил, жената оставила порака за која зборува целиот регион.

Еден од примерите за „чесност во сообраќајот“ стана хит на Интернет.

На Фејсбук страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“ се појави фотографија од порака која непозната жена ја оставила на друг автомобил, откако таа се судрила со своето возило на него.

Направив мала штета – пишувало на лист, а девојката го оставила својот телефонски број за да го реши проблемот на човечки начин.

Она што е невообичаено и зошто пораката е урнебесна е дека најверојатно е напишана со молив за очи, а ја забележала една од девојките кои ја следат популарната страница.

Благодарение на снаодливоста и искреноста, објавата заработи бројни лајкови.