Тој потег беше осуден од многу корисници на мрежата!

На популарната социјална мрежа Редит се појави интересна преписка помеѓу младенците од Велика Британија и гостин на нивната венчавка, кого непријатно го изненадија неколку дена по церемонијата.

Имено, младенците потоа го контактирале за да го известат дека мора да им плати околу 250 денари за уште едно парче свадбена торта, бидејќи платил едно, а изел две парчиња.

Според еден гостин кој се пожалил на социјалните мрежи, младенците на денот на венчавката ги известиле гостите дека им е потребна помош при плаќањето на свадбената торта и дека сите гости ќе треба да платат 3,66 фунти за парче торта, пишува Мирор.

Поканетиот гостин вели дека платил толку за едно парче торта и не мислел ништо повеќе додека не добил порака неколку дена подоцна. Нововенчаната двојка му испратила видео на кое се покажува дека добил две парчиња свадбена торта, а платил само за едно.

– Најавивме дека секој гостин мора да плати по парче и забележавме дека плативте само за едно парче. Може ли да ги испратите 3,66 фунти што е можно поскоро, му напишаа.

Овој потег беше осуден од многу корисници на Редит.

– Ако не можете да си дозволите торта за гостите, тогаш не ни послужувајте, стои во еден од коментарите. Друг корисник му предложи во одговорот да ги наведе трошоците за патувањето, свадбената облека и дневницата и од тоа да ја одземе цената на тортата и да побара да му ја вратат разликата.

Како би постапиле вие да ви наплатат на свадба нешто од тоа што нарачувате? ПИШЕТЕ НИ ВО КОЕМНТАР!