ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 261/2020 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат за следните работни места
1. УПР0101Б02000 Раководител на сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија и министрите без ресор(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија,
- – Aктивно да го користи македонскиот јазик,
- – да е полнолетен,
- – да има општа здравствена способност за работното место,
- – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент), Правни науки – најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции
- – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- – учење и развој
- – комуникација
- – остварување резултати
- – работење со други/тимска работа
- – стратешка свест
- – ориентираност кон странките/засегнати страни
- – раководење и
- – финансиско управување Посебни работни компетенции
- – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- – потврда за положен испит за административно управување – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:30 до 15:30 – Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот Паричен нето износ на плата: 37.625,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.
Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ
