Џеј Рамадановски починал во 56. година кога му застанало срцето…

“Не смеам никаде да излегувам за да не се доведам во ризк да не се заразам. Веќе имав здравствени проблеми со срцето и вирусот може да биде кобен. Не се гледам дури ни со најдобрите пријатели и признавам дека многу ми недостасува кафана. Боем сум во душа и одвај чекам повторно да одам во некоја биртија кога се ова ќе помине, иако несмеам да пијам“, рекол Џеј на почеток на разговорот.

Пред три години Џеј имал операција на срцевите залисци во Виена и тогаш докторите го предупредиле дека мора да води строга контрола во исхрана и здрав живот. Меѓутоа се што докторите му советивале на пејачот во едно уво влегувало а на другото излегувало:

“И денес сум во контакт со лекарите во Австрија. Ме контролираат и ме потсетуваат да водам сметка, да одбегнувам собирања и да внимавам што јадам. Но од диетата и здравиот живот ништо. Сакам да се напијам, иако сега и тоа ретко го правам, бидејќи не се гледам со никого.

Тој рекол дека од цигарите неможе да се откаже:

“Цигарите не ги прекинав, со години се обидувам но безуспешно. Се борам со тој порок, се трудам се да баталам, но не ми оди. Што да правам кога ми се “слатки“.