Најтрогателната љубовна приказна од 56 години никогаш никого не оставила рамнодушен




На денот на венчавката сите парови се колнат дека вечно ќе се сакаат и ќе се грижат за себе, во болест и здравје. Најдоследна на таа одлука остана еден пар од Кина.
Имено, болеста кај нив дојде многу брзо. Ду Хуанфа (85) се омажи за Зу (76) пред 56 години. Само пет месеци по нивната венчавка се појавила болест која ја оставила несреќната тогаш 20-годишна жена парализирана и без можност да има деца.




Нејзиниот сопруг докажал колку ја сака, бидејќи оставал се за да се грижи за неа секој ден, иако пријателите го советувале да ја остави и да најде друга жена. Тој не го направил тоа, туку ја ставил во инвалидска количка обидувајќи се да ѝ најде лек, но лекарите воопшто не можеле да ја идентификуваат мистериозната болест.




„Не грижи се, јас ќе се грижам за тебе засекогаш“, ѝ рекол Ду на сопругата. Овој стар пар живее во трошна куќа, во многу скромни услови, но помош во вид на намирници и други потреби добиваат од соседите. Погледнете ја приказната која ќе ве расплаче:
