Матеа, помалата ќерка на Сузана Турунџиева, на Божиќ го прослави својот 17-ти роденден. По тој повод, познатата пејачка сподели две фотографии на „Инстаграм стори“, кои веднаш го привлекоа вниманието на јавноста.
Фановите не го криеја воодушевувањето и коментираа дека Матеа видно пораснала и се претворила во вистинска млада дама.
Сузана Турунџиева ја доби Матеа од бракот со познатиот скопски угостител Марјан Јовановиќ, кој ненадејно почина во 2016 година.
Пејачката е мајка и на постарата ќерка Лора, која ја има од бракот со поранешниот пливач Александар Маленко.

