Рецептот за здрав и долг живот е никогаш никому да не се жалите.




Сергеј Николаевич Лазарев е руски психолог, филозоф, исцелител и парапсихолог. Неговата популарна книга е „Дијагноза – карма“. Лазарев верува дека не можеме да го излечиме телото без да ја исцелиме душата.
Тој вели дека болеста може да биде последица на кармата. Ако некому му направите нешто лошо, тоа може да ви се врати како болест.




Лазарев објаснува зошто животот е „нечија мајка, а нечија зла маќеа?“ Која е тајната на здравјето и среќниот живот? Лазарев дошол до интересни откритија истражувајќи ги врските меѓу светогледите и ситуациите кои не опкружуваат.




Не треба да ја контролирате ситуацијата, туку да ја разберете. Не можете да ја промените ситуацијата, можете да се промените себеси. На маса додека ручате, не мора да гледате телевизија, да читате книга, да се расправате. Тогаш сите информации одат во несвесното, сè за што размислувате оди во душата и се валка. Ова е непишано правило.




Секоја болест предизвикува агресија во душата. Рецептот за здрав и долг живот е никогаш никому да не се жалите.




„Не може да се пожали клетка во телото на орган дека нешто не му одговара или не му се допаѓа, не може, бидејќи тоа би било распаѓање на телото, а таквата клетка се отфрла затоа што се препознава како болна. ”




Зборувањето лошо за луѓето само ги уништува нашите заби. Кога некој ќе те повреди, знај дека ти си првиот што го навредил. Добро е да се биде свесен дека се е минливо, се што не опкружува може во секој момент да исчезне, да те изневери, да умре…




Третманот што не ја лекува душата нема целосно да ве излечи. Ако некој покажува агресија кон нас, тоа значи дека и ние ја поседуваме.
