Руските научници им препорачаа на сите кои ќе примат вакцина против коронавирусот да консумираат храна богата со протеини, затоа што недостатокот на протеините надополнет со стрес, може да го намали создавањето на антителата во организмот.




„Луѓето кои ќе ја примат вакцината против коронавирусот би требало да јадат повеќе храна богата со протеини, затоа што недоволната количина на протеини може негативно да влијае на производството на антитела на коронавирус“, изјави Александер Гинтсбург, шеф на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ кој ја разви руската вакцина против коронавирус.




„Производството на антитела е процес кој троши многу енергија, па внесувањето на месо, но не и маснотии, може да влијае на тоа“, изјави Гинтсбург, а потоа се осврна на стресот и алкохолот како фактори кои негативно влијаат на антителата.
„Сите облици на стрес можат примарно да го намалат бројот на антитела“, изјави рускиот научник Гинтсбург.
Точка.ком.мк
