Сара исфрлила една работа од исхраната и се ослободила од мозолчиња!

Не е непознато дека физичкиот изглед може да ја уништи самодовербата на жената. Така, една девојка и фитнес тренер по име Сара Хачисон (28) претрпела вистинска болка со лицето, поточно акни , додека не открила што всушност е проблемот, а воедно и лекот.

Откако престанала да јаде по шест сендвичи дневно , нејзиното лице повторно се родило. Всушност, проблемот беше во консумирањето премногу јаглехидрати, преработено месо, поконкретно шунка, мајонез и бел леб . Како што кажа и самата, и недостига да јаде леб, но на крајот сепак вредеше.

„Ја вратив самодовербата и се чувствувам многу подобро, а акните исчезнаа “, изјави Сара за британски магазин.

На крајот, таа спомена колку луѓе, и жени и мажи, се борат со акните, а некои страдаат од нив и по пубертетот, кога најмногу се појавуваат. Всушност, лекот се крие во урамнотежена и здрава исхрана , па доколку го имате овој проблем, време е да се запрашате колку се грижите за здрав начин на живот.