„Мислам дека мајка ми најважниот ден од мојот живот ќе го претвори во пекол.

Свадбата треба да биде еден од најсреќните моменти во нашите животи, прославен со пријателите и семејството, но една жена вели дека се плашела дека нејзината мајка ќе го претвори специјалниот ден во жив пекол.

Фелисити Реј сподели видео на TikTok за тешката одлука што ја донела да не ја покани мајка си на свадба затоа што се чувствувала неценета и неподдржана во текот на месеците на планирање на свадбата.

– Само почувствував силна вознемиреност бидејќи мислам дека мајка ми најважниот ден од мојот живот ќе го претвори во пекол. Во последниот разговор што го имавме и кажав дека сум под стрес и притисок поради венчавката, а таа ми одговори дека треба да побарам помош од некого – вели Реј и додава:

– Таа дури во еден момент рече дека моето однесување не е нормално, но дека таа не е личноста од која треба да побарам помош.

Но, тоа не го реши Реј да ја донесе одлуката што ја донесе, туку оваа реченица од нејзината мајка:

– Во последно време се претворивте во вистински сноб.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.