Славчо ПОПОВСКИ Страшно НЕВРЕМЕ: Во делови од Италија паднаа дури 300 литри дожд а еве како изгледа тоа кога ќе наврне толку многу дожд.




Страшно невреме го зафати и регионот а невремето доаѓа и кон Македонија!




Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд. УВ=7.




Утринската температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени, а дневната од 26 до 35 степени.




Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 32 степени.




Времето утре ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Претпладне во западните делови ќе има повремен дожд, а од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.




Во Скопје утре променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
