Меган Филипс (24) е родена со двојна матка, ретко пореметување кое уште се нарекува и „uterus didelphys“




Tаа веќе имала две бремености во десната матка, па претпоставувала дека левата не е „активна“ се до оваа година кога открила дека е бремена со близнаци.
Бебињата растеле и во двете матки истовремено, бидејќи таа можност е една од 50 милиони.




Пораѓањето започнало порано, во второто тримесечје, а двете девојчиња ги родиле, по само 22,5 недели од бременоста, а двете бебиња тежеле помалку од 1 килограм.
За жал, првото бебе починало по 12 дена, но второто девојче успеало да преживее со помош на кислород и трансфузија на крв. Малиот Рајс е најмладото бебе кое се родило и преживеало во болницата Брајан здравствена во Линколн, Небраска.




Иако без потешкотии ги родила првите две деца, во текот на оваа бременост почувствувала дека нешто не е во ред и договорила преглед со специјалист кој и открил дека бременоста се развива и во двете матки.




Една од 2.000 жени има ретко нарушување на двојната матка, според Scientific Americana, додека шансата за забременување во две матки е една од 50 милиони. Меган во 22-та недела од бременоста поради неподносливи болки била пренесена во болница и почнало породувањето. Фетусот се смета за способен за живот надвор од утробата на мајката само во 24-та недела. Меган рече дека му ветила на своето бебе дека ако продолжи да се бори и јас ќе се борам за неа. Така беше.
