Времето денеска низ Македонија е променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините врне исклучиво снег.
Поради продор на постудена воздушна маса од север, во попладневните часови и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег.
Најобилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри. Во останатите региони се прогнозира снежен слој од 5 до 10 сантиметри.
Минималните температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 3 до 8 степени Целзиусови.
Времето во Скопје
Во Скопје, во претпладневните часови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Попладне и во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од -2 до 4 степени.
Познатиот метеоролог Славчо Попоски информира дека во Тетово и поширокиот регион веќе има обилни снежни врнежи, при што градот е покриен со снежна покривка.
