Доколку сакате да го зајакнете имунитетот и да го стабилизирате шеќерот во крвта, еве што ви помага




Одамна е утврдено дека физичката активност има многу корисни својства. Помага во губење на вишокот телесна тежина, елиминирање на мастите и токсините, па дури и го подобрува нашето расположение и квалитетот на сонот.
Но, дали знаевте дека движењето влијае и на чувствителноста на клетките на инсулин?




Студијата, чии резултати беа објавени во списанието „Дебелина“, опфати 14 учесници во осумнеделната програма. Вежбале два до четири пати неделно, а било утврдено дека поради тоа „цветале“ добри бактерии во нивниот дигестивен систем.




Три типа на пробиотски бактерии станаа побројни, а имаше и промена во тоа како клетките на учесниците реагираа на инсулинот. Поголемата чувствителност на инсулин значи дека телото може подобро да го користи шеќерот, односно дека неговото ниво ќе биде стабилно, без нагли скокови и падови.




Авторите на студијата наведуваат дека најдобро е да се прават вежби кои го зголемуваат отчукувањата на срцето, како што се кардио вежбите, но дека и обичната прошетка секако поволно влијае на здравјето. А најдобриот дел е што ви требаат само 11 минути дневно!
