Северниот сосед презема мерка за заживување на селата.




Србија планира да подели 150.000 празни селски куќи на млади брачни двојки.
Министерот за грижа за селото Милан Кркобабиќ, денеска најави дека по пат на јавен повик ќе бидат поделени околу 150.000 празни селски куќи.




„Сакаме празните куќи во Србија, дури 150.000 такви, да одат на јавен повик, да им овозможиме на младите брачни парови да ги добијат куќите со нивната околина“, изјави Кркобабич за Пинк.
Вели дека наскоро ќе почнат и со поделба на бесплатно земјиште. Рече дека на младите би им се дала шанса да ги заживеат селата, но и да заразботат за живот. Селата во Србија се празнат, а во многу од селата имотите се продаваат за неколку илјади евра.
