Од 12 октомври, патниците кои ќе влегуваат во земјите од Шенген-зоната, како што се Хрватска или Грција, ќе се соочат со нови, построги правила за влез.
Ќе почне да функционира нов електронски систем за следење на влезови и излези, познат како EES (Entry/Exit System).
Овој систем ќе го замени досегашното рачно ставање печати во пасошите и има за цел да ја зголеми безбедноста, да спречи нелегални престои и да ги намали гужвите на граничните премини.
Што значи тоа за граѓаните?
При првото влегување во Шенген, патниците ќе мора да дадат отпечаток од прст и да се фотографираат. Овие биометриски податоци ќе бидат зачувани и ќе се користат за идни проверки, што значи дека постапката ќе се врши само еднаш.
Во пракса, тоа ќе изгледа така што патниците ќе мора да излезат од возилото и да дадат биометриски податоци на граничните премини. Системот EES ќе ги следи сите влезови и излези за прецизно да се пресметува дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена.
Кого го засега EES?
Новиот систем ќе се применува во 29 европски држави: 25 членки на ЕУ (освен Кипар и Ирска), како и во шенгенските земји кои не се членки на ЕУ: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Александар Сениќиќ, директор на ЈУТА, изјави дека системот ќе се воведува постепено, во зависност од техничката подготвеност на секоја земја, а апликацијата за внесување на лични податоци, која треба да ја олесни процедурата, сè уште не е активна.
