Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.




Со пензиите за месец јануари, клиентите можат да располагаат од денес 26.01.2021, САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 26.01.2021 (вторник)
- 11.001-14.000 денари на 27.01.2021 (среда)
- 14.001-18.000 денари на 28.01.2021 (четврток)
- Над 18.001 денари на 29.01.2021 (петок)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.




Воедно, од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и од Стопанска банка АД – Скопје препорачуваат носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.
