По победата и враќањето во Антиохија, го обвиниле дека е христијанин

Православна црква и нејзините верници во понеделник, 1 септември, го одбележуваат денот на Светиот маченик Андреј Стратилат, кој бил христијански светител и маченик од 3 век.


Свети Андреј Стратилат

Свети Андреј Стратилат бил офицер – трибун во римската војска за време на царот Максимилијан, а роден е во Сирија. Како офицер на римската војска, ги предводел трупите во борбата против Персијците. Тогаш бил именуван за војвода – стратилат, по што и го добил својот прекар.

По победата и враќањето во Антиохија, го обвиниле дека е христијанин. На судењето Андреј ја бранел својата вера во Христа, поради што бил тајно убиен – за време на молитва.


Молитва и одење во црква

Преданието вели дека на неговиот ден треба да се отиде во црква и да се помолите на овој светител за здравје на децата и другите членови на семејството. Доколку му се обратите искрено и со чисто срце, молитвите ќе бидат услишани – а на тој начин ќе ги заштитите вашите најмили од секоја болест.