Времето денеска ќе биде сончево со ниски утрински температури кои ќе се спуштат до четвртиот степен, а максималната температура ќе достигне до 23 степени.




Од понеделник, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд во попладневните часови најпрвин во западните делови кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата.




Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.




На нивната веб-страница се наведува дека обилни врнежи се очекуваат на почетокот на следната недела.
Денеска и наредната недела релативно топло време, со пораст на утринските температури, а дневната ќе има вредност од 20 до 24 °C на повеќето места, освен во среда кога ќе биде малку посвежо, особено на северот и западот од земјата .




На почетокот на следната недела се очекуваат чести појави на дожд и локални врнежи со грмежи, а поголеми врнежи ќе бидат во понеделник во вториот дел од денот.
