Граѓаните не треба да се плашат од новите соеви на коронавирусот, затоа што доколку ги почитуваат мерките ќе бидат заштитени.
Познатиот американски епидемиолог Ентони Фаучи тврди дека маските се уште штитат, и покрај мутациите.




„Маските не се ништо помалку ефикасни со појавата на новите соеви. Различните соеви на вирусот всушност се само причина повеќе секогаш да носиме маска“, изјавил тој неодамна на брифинг во Белата куќа.
Асистентот на професорот за инфективни болести на Универзитетската школа Емори за медицина во Атланта, Мерибет Секстон, го споделува истото мислење.




„Новите соеви често значат дека заразените луѓе имаат поголема количина на вирус во носот и устата, така што, кога дишат, зборуваат и кашлаат или пеат, исфрлаат повеќе инфективни честички”, вели тој.




Британскиот сој побрзо продира во телото. Во светот има повеќе мутации. Британскиот сој веќе го има во над 70 земји, а истиот е откриен и во Македонија.
