Немавме поим дека ова е единствениот правилен начин

Имено, готвачот Ројс Бетел на Тикток открил едноставен трик за подготовка на вкусна, крцкава сланина, а не подразбира пржење на масло. Можеби некому му звучи чудно, но навистина функционира.

Ако сакате совршено пржена сланина, треба да ја сварите. Знам дека звучи како да нема да работи, но навистина ја завршува работата, вели готвачот.

Тој го објаснува овој метод на подготовка:

– Секое парче сланина е составено од два дела, мускулот кој е потемниот дел и салото кое е белиот дел. Мускулите се пржат многу брзо, додека на маснотиите им треба малку повеќе време за да се направат. Кога ќе ја прелиете сланината со вода, овој процес се изедначува, односно ќе биде потребно приближно исто време термички да се обработат двата дела – објаснува шефот.

Затоа, месестиот дел и маснотиите ќе се пржат истовремено, рамномерно, а сланината ќе биде крцкава и вкусна.

– Истурете вода колку да ја потопи сланината, а таа е завршена со варење кога водата ќе испари. Месото нема да биде пржено или изгорено, а маснотиите ќе бидат убаво испржени и крцкави – објасни готвачот.

НАЗДРАВИЕ!