Трудница која одбројува до породувањето открила дека нејзиниот сопруг интимно се допишувал со непозната жена од интернет, а тоа не е ни прв пат!

Бракот не е предуслов за верност. Многумина ќе се согласат дека дури и кога ќе добијат дете со некого и ќе поминат години во брак или врска, тоа нема да го спречи нивниот партнер да бара афера на друго место, надвор од брачниот кревет.

Токму тоа и се случи на жена (38) која цела деценија е во врска со маж (39), со кој веќе има 3-годишна ќерка . Оваа жена е на само еден месец од породувањето, а во моментите кога не треба да биде под стрес и кога треба да размислува само за доброто на своето бебе, ја дознала страшната вистина.

Преку Фејсбук ме контактираше жена која тврди дека одржува онлајн врска со мојот сопруг и дека тој рекол дека сака да ја запознае и сето тоа да го направи во реалноста. Таа ми објасни дека не знаела дека тој е оженет, дека има дете, дека неговата сопруга повторно ќе го роди и затоа сакала се да открие. Таа ми ја покажа нивната кореспонденција и целосни фотографии со експлицитна содржина – ја започнува приказната оваа жена, а пренесува The Sun.

– Од фотографиите веднаш препознав дека тоа е мојот сопруг . Таа жена ми кажа дека и таа не сака да се сретне со него, но дека нивната преписка трае со месеци. Бев очајна, не знаев што да правам. Една вечер собрав храброст да се соочам со него –

– Демантираше се, но не знаеше дека ги фотографирав нивните разговори и дека ги имам сите фотографии. Откако му ги покажав сликите, тој рече дека жената го уценува . Работата е што кога конечно му погледнав на фејсбук после 10 години врска, видов дека се допишува со уште пар жени и не можеа сите да го уценуваат! –

– Откако се соочи со непобитни факти, тој призна дека се допишувал, но дека се застанало на таа онлајн кореспонденција. Колку што можам да кажам, тој не ја смета оваа кореспонденција на експлицитна содржина, фотографии и снимки за „ измама “ бидејќи тоа не се случило во живо

. Не знам дали можам да го преболам ова, бидејќи тој веќе направи нешто слично пред 6 години и тогаш му простив –