Нејзиното враќање на сцената израдува многумина

Актерката Савина Гершак беше една од најубавите жени во поранешна Југославија, а по неа воздивнуваа многу мажи.

Најзабележителната улога ја имаше во филмот „Невидено чудо“ во 1984 година, каде се појави и предизвика вистинска бура.

Меѓутоа, на 28 години решила да се повлече од актерството. Заминала во Америка каде завршила психологија и се посветила на кариерата како психотерапевт.

Сега таа изненади многумина, но и воодушеви со признанието дека се враќа на актерството и дека ќе можеме да ја видиме во филмот „Елегија на ловорот“.

Враќањето беше многу возбудливо на повеќе нивоа. На прво место, се вратив на онаа стара Савина, деветнаесетгодишна девојка која трепери пред авторитетот на киното. Потоа во Црна Гора каде ја започнав кариерата. Сретнав толку многу спомени по пристигнувањето во Дурмитор. Имав значителна актерска пауза. Враќањето пред камерите е ново искуство за мене. Кога почнав, филмовите се снимаа на лента. Режисерите гледаа директно во актерите и сцената директно пред нив. Денес актерот и режисерот ги дели монитор – изјавила Савина за Недељник.

Савина и денес изгледа прекрасно и се уште има широка насмевка по која отсекогаш била препознатлива.