Покрај од Грција, министерот за здравство Венко Филипче ќе бара вакцини и од Бугарија. Тој денес ќе присуствува на седница на бугарската влада, на која како што соопштија од министерството за здравство ќе бара Македонија да добие дел од првата пратка која ќе ја добие Бугарија.

– Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција, велат од Министерството за здравство.

Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, земајава обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот, а во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

Како што соопштија од МЗ, посетата на Филипче во Софија е на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов.