На овој луѓе му умираат од пнеумонии и ковид-19, ама затоа до џоинтот му дошло! Ќе си умрам! Еве, Мила веднаш нека воведе и слободна консумација и едукација за добрите страни на марихуаната во „општествени науки, и особено во граѓанско образование – бидеји НАТО и џоинт одат ептен добро во комбинација“, напиша професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.

За изјавата на министерот за здравство Венко Филипче кој во емисијата „360“ на Алсат кажа дека извозот на канабис ќе донесе бенефит и за пациентите.

„Искрено, немам ништо против декриминализација на некои нешта што ми се туѓи, ама кога политичари среде ковид-19 и сиромаштија навиваат за вакви небулози ми се раѓа гнев зошто тоа го прават од личен интерес, напиша Ванковска.