На Фејсбук групата „Ковид19 Искуства и Совети“ се појави едно необично искуство на член од истата. Лицето со иницијали Ј.В. сподели нешто што ретко кој го знаеше.
Тој објаснува дека имал проблем, а истиот е поради мобилен оператор односно мобилен уред со повик во полиција. За што станува збор, прочитајте во продолжение. Еве што напиша:
“192” или “1922” ???




Сите ние кои сме болни имаме потреба да одиме до инфективно со должност претходно да го најавиме тоа на 192 – во полиција.
Така и јас, станувам, вртам на 192 во Куманово (од Куманово сум), ми се јави некој, му кажав што сакам – “Господине, телефонот ве префрлил на …” не го ни разбрав каде – вртете повторно.
После 20-тина вртења (сигнал-зафатено) се откажав и завртов на мобилен во СВР Куманово кој по некоја привилегија го знам а не е достапен на јавноста, па и покрај лутењето на службениците сепак ме запишаа и завршив работа.




Наредната ден исто … Првин “Господине, не овде, ве префрлил … Вртете повторно…”
После 37 пати вртење (преброени) се откажав па завртив од телефонот на сопругата – НА ПРВО.
Кога се вратив од инфективно го пријавив проблемот во А1. После некој час ми се јави операторката, ме праша што марка на мобилен имам и ми објсни:




– Одредени марки кога се врти сервисен број како 192 двојката ја праќаат како недоволно јасна и има грешки…
= СЛЕДНИОТ ПАТ ЗАВРТЕТЕ 1922 (со две двојки)
Од тогаш немам проблем.
Чудно но вистинито … Да си знаете.
