Вакцинацијата не е само дојди и купи ги вакцините и толку, туку потребен е план и регистрација, рече српската премиерка Ана Брнабиќ во нејзиното гостување за ТВ Хепи утрово во однос на вакцините кои Македонија треба да ги набави од Србија.




– Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија.
-Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата.




-Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно.
Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи, вели Брнабиќ.
На нашата земја и било понудено лекарите кои се во првите борбени линии со Ковид-19 да се вакцинираат во Србија, истакна Брнабиќ
