Грција започна да издава дигитални сертификати за вакцинација против вирусот корона за своите граѓани, а премиерот Киријакос Мицотакис објасни што тие ќе значат за патувања и што ќе бара нашиот јужен сосед од туристите кои планираат да ги поминат своите одмори во Грција.




Грците кои примаат вакцина против коронавирус, ќе добијат сертификат за дигитална вакцинација, што ќе им овозможи да се движат без ограничувања меѓу регионите во земјата, а патниците кои влегуваат во земјата со сличен сертификат се очекува да бидат ослободени од тестот и карантинот.




Грчкиот сертификат содржи информации за идентификација, податоци за примената вакцина и ревакцинација и има три нивоа на заштита – кју ар код, единствен код и дигитален печат. Таквата потврда беше воведена на инсистирање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.




Тој изјави дека сертификатот ќе се користи за потврда на легалната вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните.
Овде не станува збор за никакво ограничување, но ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментов ни ги наметнуваат патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што особено ќе значи за нашиот туризам и перспективата на нашата економија, особено пред летната сезона, рече Мицотакис.




Презентирајќи го својот план за воведување единствени сертификати за територијата на ЕУ, тој истакна дека идејата е да се создаде брза лента за патници што ќе го оживее туризмот и рекреацијата и ќе им овозможи на граѓаните слободно и без ограничувања да се движат од земја до земја.
Сега, кога постепеното воведување на масовни вакцинации во сите земји на ЕУ е при крај, не смееме таа жртва да ја земаме здраво за готово. Ние им должиме на нашите граѓани да ги искористат сите алатки за да го забрзаат враќањето во нормалниот живот, рече тој.
Во таа насока, тој препорачува сертификат за вакцинација, бидејќи земјата мора да се подготви за летото кога ќе се вакцинираат многу поголем број луѓе.




Според Мицотакис, дигитално проверениот и шифриран документ е двојазичен и вклучува име на лицето, број на социјално осигурување, вид на вакцина и датум и место на вакцинирање. Тоа ќе им овозможи на оние кои го поседуваат да патуваат со помалку компликации, додека оние кои не биле вакцинирани, исто така, ќе можат да патуваат, вели Микотакис, но во согласност со постојните здравствени правила, како што е задолжителното тестирање на ПЦР пред патувањето, брзи тестови по пристигнувањето на дестинацијата и карантин каде што е потребно.
Како заклучок, Мицотакис повтори дека Грција нема да бара од патниците да презентираат документ или да се вакцинираат.
Мицотакис го претстави овој план на виртуелниот состанок на лидерите на ЕУ во четвртокот, но одлуката беше одложена за следните состаноци кога ќе се знае повеќе за ефикасноста на вакцините и дали тие ќе спречат пренесување на вирусот.
